Мицкоски: Во буџетот нема средства за субвенционирање на придонеси за плати
Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека Владата ќе прифати се што ќе договорат синдикатите и работодавачите. Тој изјави дека предлогот на синдикатите за владата да ги субвенционира придонесите до 30 илјади денари минимална плата не може да се случи, бидејќи за тоа не биле предвидени средства во буџетот.

„Инаку придонесите што би ги плаќала таа влада, дополнителните придонеси, не се предвидени во буџетот, а не знам како тие би се сложиле кога немаме репрезентативен претставник на синдикатите. Треба прво да избереме претставинк, па дури потоа можеме да зборуваме за сложување. Доколку се избере репрезентативен претставник и доколку тој заедно со работодавачите се сложат за 30,000 денари плата во која што работодавачите целосно ќе ги исплатат придонесите кон вработените, ние ќе го прифатиме и немаме никаков проблем со тоа“, рече Мицкоски.
Мицкоски го обвини и Сојузот на синдикатите на Македонија дека се здружени со опозицијата, односно, Левица, СДСМ и ДУИ. Оттаму возвратија дека работниците се борат за корка леб, а политичарите за гола политика.