„Со најавеното покачување на пензиите, што се претставува како некој иновативен „швајцарски модел“, власта сега се обидува да го санира она што пред три години „им го украдоа на пензионерите“. Ова е пораката што денеска од Штип ја упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.
„Тоа е практично Законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа Закон со кој им ги намалија пензиите на пензионерите, и сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат „швајцарски модели“, во кои нема ништо швајцарско“ – изјави Мицкоски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднела „вистинска мерка за покачување на стандардот на пензионерите и пензиите“, но таа не бела прифатена од власта.
Според него, со новата мерка нема зголемување на пензиите, туку се враќа моделот што беше укинат „без да се вратат парите кои им се земени на пензионерите овие три и пол години“.