Мицкоски: Власта не е фокусирана на европската агенда, фокусот е на лажење и крадење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска рече дека наместо на реформи, претставиците на власта се фокусирани на лажење и крадење и на потпишување на предавнички договори, по што се гледа дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување.

„Овој извештај е класичен пример на сите лаги на власта дека се фокусирани на европската агенда. Тие се фокусирани само на лажење и крадење и потпишување на предавнички договори. И претпоставувам во нивната матрица тоа претставува напредок кон Европската Унија. За разлика од вистината содржана во извештајот каде што повеќе од 35 поглавја констатирани се назадувања и тоа навистина е поразително за Македонија, за владата, за сите нас“ – истакна Мицкоски.

Тој изрази надеж дека набргу оваа влада ќе биде минато и дека на чело на Македонија ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги води онака како што треба патот до членство во ЕУ.