Мицкоски: Владата го искористи и Самитот на ОБСЕ за криминал

„Па, и од еден ваков настан кој што би требало да значи можност еве странски високи дипломати да ги видат убавините на Македонија и главниот град, тие успеаја да отворат сомнеж за криминал со цените кои што ги прикажуваат тие. Дури не можат да им конкурираат ниту најбогатите светски држави бидејќи се неколкукратно повисоки и од оние кои што таму на пазарот можат да се најдат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Ресен говорејќи за тоа што МНР за самитот на ОБСЕ ќе потроши еден милион евра за изнајмување на возила.

Мицкоски додаде дека жали што и во последните моменти од мандатот актуелната власт докажува дека се обични криминалци.

„Жалам што и во последните моменти од овој мандат тие покажуваат и докажуваат дека се само обични криминалци. Ништо повеќе од обични криминалци. И навистина е за секаква осуда ваквото однесување“, нагласи Мицкоски.