Мицкоски: Бугарите во Устав не е единственото барање на Софија

-Жалам што претходната влада влезе во една ваква авантура и што комплетно го заглави евроинтеграцискиот процес, жалам што тогаш го прифати ултиматумот од нашиот источен сосед наместо да не послушаа и тогаш, но подадена е раката, треба да ги напуштат оние тези што ги слушаме во јавноста и да застанат конечно во одбрана на македонските национални интереси, изјави премиерот.

По божиќната литургија во храмот „Свети Климент Охридски“ во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето за тврдењето на бугарското МНР дека наместо македонски јазик постои достапен јазик, рече дека тоа него воопшто не го чуди.

„Со ова само ги потврдуваат тезите за кои ние одамна реагираме, а тоа дека дека Бугари во устав не е нивното единствено барање, туку комплетно редифинарење на македонскиот идентитет. Но, ова се денови кога треба да простуваме, да се сплотуваме, да се обединуваме и мислам дека конечно како народ ќе сфатиме дека за некои за некои прашања да бидеме заедно.