Во вечерашното гостување во 24 Анализа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека оваа Влада е виновна за кризата во Македонија.
„Сфатија дека влегоа во стапица, чекаат Бугарија да го одбие и тие да бидат конструктивните во процесот. Сите бегаат да дадат коментар, а што е толку страшно да кажат дека тоа што го виделе од медиумите е неприфатливо за нив“ – рече Мицкоски.
За лидерот на најголемата опозициска партија чудно е тоа што се уште претставниците на македонската Влада не даваат коментари, иако веќе има детали од преговарачката рамка и билатералниот протокол, кој треба да се гласа во бугарскиот Парламент.
„Франција не го става овој предлог на маса ако преку комуникациски канали не е прифатен од Софија и Скопје“, смета тој.
Мицкоски смета дека предлогот ќе помине во бугарскиот Парламент, но во јуни Македонија нема да добие датум за преговори, затоа што, како што вели тој, физички не е можно да се истурка документот на време.
Тој смета дека изборите се конечно решение, зошто Владата нема капацитет да ја води државата, ниту да спроведат реформи и тие реформи да ги ублажат кризите. Истакна дека се потребни брзи избори, предвремени парламентарни избори во рамките на Уставот.
„Затоа и предложив во Парламентот закон со којшто ќе го избришеме делот во Изборниот законик каде што стои институцијата техничка Влада. Поддршката на народот е голема и сите пречки ќе ги совладаме преку волјата на народот. Владата не го прифати предлогот и рече дека мора да има техничка Влада. Кризата нема да помине, сите анализи во светот велат дека оваа есен и зима ќе бидат најпредизвикувачки. Зошто да има 100 дена, зошто Заев му ветил на Ахмети дека ќе има Албанец премиер? Тоа е поважно? Зошто е поважно тоа, од барањето на опозицијата? Ова е политика и не се детали. Јас како граѓанин ми е важно што е можно побрзо да заврши тој процес. Ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе западне во полициски замки со насилство, оваа партија нема да го прави ова. Знаеме дека тие чекаат да се лизнеме на ова“ – рече Мицкоски.
Мицкоски праша дали треба да губиме време да размислуваме или дека треба веднаш да го отфрлиме предлогот. Сосема е неодговорно од Владата што молчи за ова и требала да излезе со став. Наместо тоа, таа дозволила Макрон и Владата да пратат предлог, а тој да не го усогласат со некои нивни канали, а е прецизно усогласен со каналите на МНР, според информациите на Мицкоски.
Ова е прашање на идентитот, на иднината на Македонија, рече тој.