Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на кој прво потпишан е Христијан Мицкоски достави до Собранието предлог закон за измени на Законот за енергетика.
Со предложените измени треба да се овозможи да нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за кои се подготвува нов ценовник од 1 јули.
Мицкоски рече дека со Предлогот кој е доставен да се донесе по скратена постапка, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.
Тој ги повика сите пратеници да гласаат за законските измени затоа што така ќе се спречи и инфлаторната спирала.