Мицкоски бара да се затворат сите бугарски клубови, Ковачевски пак го обвинува

Премиерот Ковачевски во ист ќош ги стави бугарските политичари и македонската опозиција, обвинувајќи ги дека даваат поддршка за бугарските клубови со имиња на личности од Третиот Рајх, како што е клубот Ванчо Михајлов во Битола.

Тука има уште една поопасна работа, а тоа е дека поддршката за клубовите не само што доаѓа од дел од бугарските политичари, туку доаѓа и од македонската опозиција бидејќи претседателот на македонската опозиција јасно кажа дека тој е континуитет на Ванчо Михајлов кој е докажан соработник на третиот рајх и лидерите на третиот рајх. Сметам дека дури и отворањето сигурно имало некаква поддршка во рамки на македонската опозиција и се она што се случуваше после тоа“, рече Ковачевски.

Лидерот на опозицијата со одговор дека сите бугарски клубови во Македонија, без оглед какви имиња носат, треба да се затворат , се додека нема реципроцитет од страната на Софија. Во спротивно, ваквите клубови се чиста провокација.

Што се однесува до ликот на Ванчо Михајлов, Мицкоски појасни дека во историска смисла тој би преседател на ВМРО, но се огради од неговото фашистичко минато.

За Франција пак компромисот мегу Македонија и Бугарија е завршена работа. Сега е време земјата да тргне напред, порача француската државна секретарка за Европа, со охрабрување дека членството во 2030 година иако амбициозно, е можно.

Ковачевски и Бун се заложија за продлабочување на политичите и економски односи мегу двете земји.