Христијан Мицкоски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија рече дека и во минатото покажал дека не е склон на нарачки или притисоци и дека токму тие, СДСМ знаат како е да добиваат нарачки од еден град во близина на Гевгелија, од едно познато семејство.
„Тие можеби работат по тој принцип на нарачки, но ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво за интересите на граѓаните и интересите на Македонија и така и ќе продолжи. Инаку, она кое што вчера го донесовме како заклучок на седницата на ИК, практично е реакција на акцијата на власта и за сите понатамошни последици власта ќе биде таа која ќе биде одговорна бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во изминативе сто дена повикувавме на заедништво, повикувавме на дијалог да седнеме да зборуваме за проблемите, за одржување на предвремени парламентарни избори, па ако се навистина толку јаки, ако велат дека народот ги сака тие ќе нѐ декласираат на тие предвремени избори и ќе имаат чист мандат од четири години да ги спроведат политиките кои велат дека народот ги поддржува, така барем велат во нивните партиски соопштенија. Единствен начин да проверат дали тоа што го пишуваат во соопштенијата е да излезат на избори, да се охрабрат и да видат дали Мицкоски се плашел или СДСМ се плаши. Еве јас не се плашам, велам ајде да седнеме да разговараме очи во очи, ајде да одиме на избори, немам од таа страна потврден одговор, така што, единствен кој ќе биде одговорен од сега па натаму за сето она што ќе се случува во Македонија е раководството на СДСМ и самиот СДСМ“ – рече Мицкоски.