Денеска затвораме една историска епизода, затоа што тоа што го видов низ Македонија, тоа што го почувствував, таа енергија, таа емоција која доаѓа од народот на Македонија е навистина голема. Народот се обединува околу желбата за промени и сега од нас зависи колкав ќе биде интензитетот на тие промени и колкав ќе биде бројот на пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, но и за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Лозово.
Тој упати апел масовно да се излезе во среда и на тој начин, како што рече да се оневозможи потенцијалот на ДУИ да расте.
-Задутре во среда треба да ни биде прва цел, да се излезе масовно и на тој начин да се оневозможи потенцијалот на ДУИ да расте и во ИЕ 3 Али Ахмети да има пратеник. Али Ахмети после овие избори треба да оди во опозиција и заедно со тие малкумина кои сеуште му се верни од раководството на ДУИ да одговараат за се што и направија на Македонија, рече Мицкоски.
Караванот на ВМРО ДПМНЕ за престојните претседателски и парламентарни избори се обрати и пред граѓаните на Општина Карбинци. Завршните митинзи за првиот круг на претседателски избори на ВМРО ДПМНЕ се вечерва во Пробиштип и Штип.