Ако „ВРЕДИ“ планираат да ја напуштат владината коалиција, тогаш нека им е со среќа – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на изјавата на Халил Снопче, пратеник од ВРЕДИ кој вчера во телевизиско гостување рече дека ако помине Законот за бранителите тогаш тие ќе ја напуштат владината коалиција.
Халил Снопче, заменик лидер на Алијанса за Албанците (крилото на Арбен Таравари) изјави дека доколку се укине Законот за употреба на јазиците – албанскиот јазик и се одобри Законот за „бранители“, ВРЕДИ ќе излезе од Владата.
„Поради руско влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш ВРЕДИ нема место во Владата. Какво место во Владата? -, рече Снопче.
„Нека им е со среќа“ – кратко одговори Мицкоски на тоа.