Мицковски со барање за предвремени избори

Христијан Мицкоски бара предвремени парламентарни избори на 14 или 21 мај 2023 година. Тој на средбата со новинарите рече дека во следната година очекува предвремени избори и оти, според него, на државниот систем му треба „ресетирање“.За тоа да се случи, очекува Собранието да се распушти уште во јануари.Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ вели дека крајот на април ќе биде почеток на кампањата, период кој одговара зашто завршува месецот Рамазан и  другите верски празници во државата. Според него, во втората половина од јануари би почнала 100-дневната техничка влада.

Потребно е рестартирање на системот. Состојбата во државата е неподнослива, состојбата во владејачките партии е неодржлива, пред се во СДСМ, ДУИ и Алтернатива. Мислам дека тоа е алармантно и го загрозува функционирањето на институциите, вели Мицкоски.

Мицковски не ја поддржува идејата за одржување парламентарни избори заедно со претседателските избори во 2024 година.Смета дека ова е сценарио на ДУИ.

Тој ја повика власта да покаже како ќе стигнат до 80 пратеници потребни за уставните измени. Ја брани идејата секој субјект да излезе пред граѓаните со својата визија за членство на земјата во ЕУ и да покаже како ќе стигнат до 80-те потребни гласови. Потоа во зависност од добиената доверба да обезбедат мнозинство за интервенција во Уставот.

Рече дека се наоѓаме во исклучително тешка економска и енергетска состојба која актуелната влада нема капацитет да ја надмине.