Мицевски: Ние не сме против градење, ние сме против крадење

Пеналите за Договорот со „Бектел и Енка“ според нашите информации веќе се исплатени за тоа што не е донесена 60 часовна работна недела, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во интервју за „Република“.

„Претседателот Мицкоски веќе спомена дека на 26 април државата веќе исплатила 120 милиони евра на компанијата. Власта вели дека дел од тоа се за подготвителни работи, но информациите кои ги имаме ние доставени од свиркач укажуваат дека дел се и пенали затоа што не е донесен Законот за работни односи и работната недела останува 40 часа согласно Устав и закон“ вели тој.

Мицевски посочува дека овој момент никој не знае каде ќе минува трасата на коридорот, ниту пак знае дали имаме одобрение за градба, како ни експропријација на земјиште.

„Што има во договорот-никој не знае. Слушаме разни извинувања и дека сакаат да го дадат договорот. На 31 март 2021 година е потишан Меморандум за соработка помеѓу Владата и Бехтел. Две години имаа да се презентира етапно што се планира да се работи. Никој не вика дека ова не е национален интерес и национален проект кој што е во интерес на сите граѓани. Тоа не е спорно. Меѓутоа врз основа на што треба да ме убеди мене да дадам поддршка на вака нетранспарентен и криминален начин кога не можам да дојдам и да го видам договорот кој има сертификат државна тајна, што останува за граѓаните. Споменуваат сума од милијарда и триста милиони евра. Како дојдоа до таа сума? Никој не знае. Дали ја знаеме трасате – не, што ќе најдеме на теренот. Дали е можно сумата да поскапи. Од информациите кои ги имаме сумата од милијарда и 300 милиони евра е почетна и на крајот ќе чини двојно повеќе“ – вели Мицевски во интервуто.

Мицевски прашува од каде пратениците што првично ги предложија измените знаеја каков ќе биде договорот за да влезат во измени на законите кои ќе бидат усогласени со договорот. Тоа значи дека или претходно имале увид во договорот или пак некој им ги дал да го потпишат. Координаторот уверува дека нема да се согласат договорот да им биде само презентиран, а не даден на увид.

„Се работи за договор кој е помеѓу 500 и 700 страници. Некој да ми дојде со таков договор и за саат-два да ми го прераскаже не е во ред. Тој договор треба да го видам, не е спорно на која комисија, туку е битна суштината на договорот и забелешките кои стигнуваат до нас да ги најдам, подвлечам и покажам на Груби, Рустеми и на Бочварски. Ако некој планира да ме седне како учениче наспроти нив и да ми го презентира и прераскаже договорот не е прифатливо. Народот со право има сомнеж на овој договор и со право можеме да го нарекуваме коруптивен“ – вели тој.

Мицевски проговори за европското знаменце што власта сака да го стави на овие закони.

„Европската делегација се изјасни негативно, дека е неоправдано и оти нема врска со реформската агенда на ЕУ. Она што сакаше Владата да го наметне како европска реформа тоа не е и Европската унија се огради од тоа. Тие ги кажаа своите забелешки“ вели Мицевски.

Кооринаторот посочува дека власта безуспешно се обидува да наметне впечаток дека опозицијата е против изградба на автопати.

„Ние не сме против градење, ние сме против крадење и зад тоа ќе застанеме здраво и затоа бараме да ги видиме договорите“ дециден е Мицевски.

Координаротот на ВМРО-ДПМНЕ објасни зошто не делегирале свој претставник во работната група за уставни измени.

„Ние немаме мандат да разговараме за уставни измеми. Граѓаните исто така не ја поддржуваат оваа идеја. Самата работна група е форма на суптилен притисок кој треба да се направи врз пратениците. Постапката се знае како е, прво се отвара Уставот па потоа може да се разговара. За ова може некој и да одговара затоа што формирање на работна група за нешто имагинарно и исплаќање на средства од буџетот на државата за нешто што не е по постапка исто така е злоупотреба на службена положба и оштетување на буџетот. Така да тие што ја тераат оваа постапка добро да размислат за ова што го прават“ рече Мицевски.