Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело

Aнтидатирање на документи е кривично дело, кое што владата на Ковачевски во ситуација на брзање ги прави, за спас на своите фотелји, бизниси, тендери и кариерата на Артан Груби, пишува на својот фејсбук статус Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во спортот, додава тој, ова се вика „грешка во чекори“.

„Во текот на вчерашниот ден од владата информираа дека составот на Владата е договорен и испратен до Собрание (тоа беше единствената лиферувана вест, која ја објавија сите медиуми). Утрово од Владата информираа дека е пуштен предлог составот на Влада до Собрание со нивите предлози. Но потоа следуваа прашањата од новинари и колегата А. Милошоски, дали досегашните министри си дале оставка или се разрешени? Е од тука трга заплетот во двете институции!“, посочува во напишаното Мицевски.

„Пред само еден час ни се испрати материјал на е-парламент, за предлог состав на нова влада , т.е. разрешување на министри и заменици министри и за чудо документот од премиерот Ковачевски е со датум 10ти т.е од вчера!

Па прашањето ми е следно:

-Дали Владата или секторот за односи со јавност во Влада во текот на вчерашниот ден, половично ја информирала јавноста и медиумите или некој денес наогајќи се во „офсајд позиција“ направи класична „грешка во чекори“ и мораше да антидатира документи?“, прашува тој.

„Заклучокот е следен. Криво насадено дрво-криво и ќе расте. Хаотичниот обид за спас на Владата на СДСМ и кариери на „испеани“ политичари, е еден од последните непринципиелни маневри на оваа антинародна власт. Народот ви го виде умот и ви ја зеде мерката, а резултатот ќе ви го испорача за многу брзо време“, подвлекува Мицевски.