Михајловиќ повторно ја победи леукемијата

Српскиот фудбалски тренер на клупата на калчолигашот Болоња – Синиша Михајловиќ е отпуштен од болницата „Сант Орсола“ по вториот циклус на хемотерапија. Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот се чувствува добро и се очекува наскоро да седне на клупата на клубот.

На Михајловиќ во 2019 година му беше дијагностицирана леукемија по што веднаш започна со хемотерапија, а исто така му беше извршена операција на коскената срцевина, по што се врати на клупата на Болоња.

Пред два месеци тој повторно мораше да оди на хемотерапија бидејќи болеста се врати. Сепак, по вторпат ја победи болеста.

Од болница го водеше тимот и често им се обраќаше на своите фудбалери преку видео врска, но и тие не му останаа должни – неколкупати заедно со него, пред болницата ги славеа победите, посебно онаа над актуелниот шампион – Интер.

https://twitter.com/GoalItalia/status/1521130726367928326?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1521130726367928326%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportski.mk%2FD0B1D0BED0BBD0BED19AD0B0-D181D0BED0BED0BFD188D182D0B8-D0BED0B4D0BBD0B8D187D0B8-D0B2D0B5D181D182D0B8-D0BCD0B8D185D0B0D198D0BBD0BED0B2%2F