„Станува збор за напад и одбрана на украинскиот суверенитет. Ова не е војна за границите кога крстосувачки ракети со различни модификации цели шест месеци на мирни места. Замислете нашите деца да одат во засолниште секој ден и да поминуваат дел од својот живот таму“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.
Тој потенцира дека „за Србија е исклучително важно, во историска смисла и од среднорочна перспектива, да заземе вистинска позиција во оваа војна, бидејќи Русија е минато, а соработката со Москва е „патот до пропаст“.
Во интервју за „Блиц“, Подољак вели дека одлично ја разбира историската позадина на односите на Србија со Русија, но посочува дека Русија може да постои само на едно ниво, а тоа, како што вели, е „експанзионизмот и окупацијата на странски територии“.