Михаил Горбачов денеска ќе биде погребан без државни почести и високи гости

Последниот советски лидер и миленик на Западот – Михаил Горбачов денеска ќе биде погребан без државни почести и без присуство на високи гости.

Горбачов кој помогна да се стави крај на Студената војна, да се олесни обединувањето на Источна и Западна Германија и да се склучи договор за контрола на оружјето со САД сепак не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, како и економскиот хаос предизвикан од неговата „перестројка“.

Горбачов почина во вторникот, на 92-годишна возраст, а московјаните ќе можат да го посетат неговиот одар во Салата на колоните, недалеку од Кремљ, каде што им се оддава последна почест на поранешните советски лидери.

Ќерката на Горбачов, Ирина, најави дека погребот ќе биде скромен. Тој ќе има воена почесна гарда околу одарот, што е само еден елемент на државните почести, соопшти Кремљ.

Горбачов ќе биде погребан на московските гробишта Новодевичи, покрај неговата сопруга Раиса, која почина пред 23 години.