Митрески: Со ветингот ќе ги провериме судиите и обвинителите дали имаат интегритет да носат значајни одлуки

„Ветингот не значи распуштање на сите судии, туку целосна нивна проверка. Без разлика дали е на имот или било каква. Утврдување дали поседуваат интегритет да носат заначајни одлуки, бидејќи нивните одлуки се поврзани со секоја област и бизнис, и здравство, образование“ рече носителот на листата во ИЕ5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески во „24 отворено“ на ТВ24.

Тој додаде дека со ветингот граѓаните ќе имаат целосен увод во тоа кој носи судски одлуки, но и кои ги претставува.

„Таму има и чесни луѓе, луѓе кои имаат интегритет. Не се сите корумпирани. Треба да се направи прочистување и тоа е нашиот план за следниот период“ рече Митрески.

Тој додаде дека изборот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, ќе биде по теркот на ДКСК, односно сите кандидати во Собранието пред пратениците и претавници на невладиниот сектор ќе бидат оценувани, по што ќе се бираат тие со најдобри оценки.