Во емисијата Директно на Телевизија Тера, спикерот на македонското Собрание Јован Митрески потсети дека опозицијата и во Собранието и преку протести ширеше хистерија дека македонскиот јазик ќе биде загрозен.
„Опозицијата ширеше хистерија на органзирани протести дека некој прифатил дека македонскиот јазик е од 1945 година, дека некој прифатил македонскиот јазик да биде западен дијалект на бугарскиот јазик, но еве се потврди дека не е така. Македонскиот јазик е официјален јазик како што се и другите 26 јазици на ЕУ. Кога дојде да се гласа Договорот за Форнтекс кој се преговараше од 2016 година, тогаш опозицијата ја напупти салата и не гласаше за тој дооговор и фактички го донесовме сами. Тоа го направија со единствена цел да создадат некаква хистериј дека наводно некој извршил некакво предавство, што не е точно“ рече Митрески.
Тој порача дека никој не смее да преговара за македонскиот јазик.
„Никој не може и не смее да преговара за македонскиот јазик и тоа се виде и во ЕУ и во преговарачаката рамка и тоа што целото европско законодавство сега се преведува на наш, македонски јазик, а се преведува затоа што ги започнавме преговорите со ЕУ“ посочи Митрески.