Портпаролката, пратеничка и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – Марија Митева вели дека состојбата со односите со Бугарија е последица на погрешните политики на СДСМ.
Таа посочи дека состојбата не била совршена вчера а од денес не е совршена и според неа ова е резултат на причинско последични состојби.
„Во делот на тоа што се случува помеѓу Бугарија и Македонија е состојба која ја предизвика СДС со погрешните политики”, вели Митева Митева и истакна дека состојбите кои ги креира СДС се тотално погрешни.
„Состојбите кои ги креира СДС од позиција на опозиција се тотално погрешни и користи политика за дневно политички поени без никаква суштина. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ е многу посветено и ќе ја оправда довербата која на 8-ми мај ја доби од граѓаните”, заклучи Митева.