Мис Универзум 2023 е Шејнис Паласиос од Никарагва

Мис Универзум 2023 е Шејнис Паласиос од Никарагва. 23-годишната убавица порасна во главниот град на Никарагва и ова не и е прв избор за убавина.

Имено, таа победи и на Мис тинејџер Никарагва 2016 и Мис на светот Никарагва 2020. Таа исто така се пласираше меѓу најдобрите 40 на изборот за Мис на светот 2021.

Паласиос студирала масовни комуникации на Централноамериканскиот универзитет во Манагва, а исто така била членка на универзитетскиот одбојкарски тим, според Harpers Bazaar Arabia.

Натпреварот за Мис Универзум се одржа во Ел Салвадор, а се натпреваруваа 85 кандидатки.

Оваа година во финалето стигнаа двајца трансродови кандидати, што се случи за првпат во историјата. Станува збор за Мис Португалија, стјуардеса Марина Мачете и Рики Коле, која е првата трансродова Мис на Холандија.

Пред публиката се претстави и Мис Непал, која влезе во историјата како прва кандидатка за плус сајз.

JKN Global Group, организацијата зад изборите, поднесе барање за стечај само неколку дена пред финалето. Тоа се случи недолго откако се појавија бројни контроверзии токму поради вклучувањето на трансродовите кандидати.