На социјалните мрежи се прошири фотографија од необично животно чиј убод знае да биде многу непријатен.
Повеќето од туристите во коментарите напишале дека не знаат точно за кој вид се работи, но дека луѓето треба да внимаваат. Објавата од будванската плажа за кратко време собра голем број коментари и предупредувања.
„Многу отровен вид на морска гасеница – „Огнен црв“. Доколку го допрете, треба веднаш да ја изложите зоната на многу висока температура бидејќи отровот од боцките брзо се шири и може да предизвика болка како изгореница, треска, главоболка… Воопшто не се обидувајте да ги отстраните боцките со раце или со пинцети бидејќи тие се буквално како лепра – се лепат насекаде и се лепат на сите површини“, стои во еден коментар.
И другите луѓе во коментарите го потврдуваат истото.
„Само не допирајте го. Ако ве касне, добивате болки и игли кои не можете да ги извадите. Тоа е морска гасеница“.
„Огнен/пеколен црв, тие се вообичаени во Медитеранот. Не ги допирајте со голи раце, тие се отровни“.
„Ако го допрете, ќе знаете зошто го нарекуваат Огнен црв“.