Мисајловски: Општините ќе добијат 250 милиони евра – време е за промени

Како ВМРО-ДПМНЕ, во новата изборна кампања а ќе посветиме посебно внимание на општините и 250 милиони евра ќе распределиме на сите општини. Тоа значи дека многу средства ќе влезат во општина Гази Баба, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и нопсител во ИЕ2 Владо Мисајловски при неговата денешна посета на општина Гази Баба.

-Денеска сме во Гази Баба, во Хиподром. Сакам пред се да му честитам на градоначалникот Бобан Стефковски за целата работа што ја прави овие години. Навистина ми е драго, како пратеник од Изборната единица 2 и заедно со другите пратеници да бидеме дел од вакви убави настани и убави проекти. Можев да слушнам дека не само што днеска започнува еден спортски комплекс, дека се направени преку 50 улици во Гази Баб, навистина секоја чест. Направени се и реконструирани повеќе од 20 игралишта за само две години. Замислете, сето тоа го прави Боби со својот Буџет, го прави со Буцетот од општината. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ, во новата изборна кампања а ќе посветиме посебно внимание на општините и 250 милиони евра ќе распределиме на сите општини. Тоа значи дека многу средства ќе влезат во општина Гази Баба, затоа што општина Гази Баба е една од најважните општини во Македонија, а посебно во Скопје и мора да има повеќе и повеќе проекти тука, навистина честитки, рече Мисајловски.