
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа
„Досега веќе се одбраа градоначалници во Кисела Вода, во Охрид, во Радовиш, во Берово, во Ѓорче Петров, во Гази Баба, во Пехчево, во Делчево, во Прилеп, во Битола, во Гевгелија, во Сопиште, во Штип, во Велес, Бутел, во Аеродром, во Јегуновце, во Вевчани, и на многу други места“, рече Мисајловски, додавајќи дека резултатите укажуваат на водство.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, и дека разликата е некаде 3:1, има општини каде што е 6:1, 7:1, а има општини каде што е 10:1. Во некои општини СДСМ е трета партија, рече тој.
„Досега веќе се одбраа градоначалници во Кисела Вода, во Охрид, во Радовиш, во Берово, во Ѓорче Петров, во Гази Баба, во Пехчево, во Делчево, во Прилеп, во Битола, во Гевгелија, во Сопиште, во Штип, во Велес, Бутел, во Аеродром, во Јегуновце, во Вевчани, и на многу други места“, рече Мисајловски, додавајќи дека резултатите укажуваат на водство.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на убедлива победа во Струмица. а во Скопје, Орце Ѓорѓиевски исто така води убедливо за Скопје.
„Разликата е толку убедлива и огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со кое сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл“, рече Мисајловски, а што се однесува за ДУИ, тој додаде дека „очигледно се декласирани“.