Македонскиот фудбалер Бојан Миовски го прави трансферот на кариерата и ќе игра во најдобрата шпанска лига Примера. На последниот меч за Абердин тој се прости од навивачите и заминува во Џирона.
По заминувањето на Артем Довбик, токму Миовски ќе биде фудбалерот кој што ќе ја заземе позицијата центарфор во Џирона.
Македонскиот играч, за кого имаше интерес и од Еспањол и Џенова, се реши за трансфер во клубот кој што лани беше вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Двете страни веќе постигнаа договор и Миовски поради условите и амбициите не се двоумел да се приклучи на новиот проект на Џирона, предводен од Мичел. Играчот беше на клупата на последниот меч за Абердин, а по мечот имаше емотивно збогум со навивачите, исполнето со солзи.
Штипјанецот одигра фантастична последна сезона во славниот шкотски клуб и постигна 26 гола во сите конкуренции.