Миовски го постигна 14. гол за Абердин сезонава

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски се врати во голгетерска форма и во дресот на Абердин.

Денеска во првото полувреме на мечот со Рос Каунти, нашиот центарфор уште во 5. минута успеа да го погоди противничкиот гол за водство од 1:0.

За Миовски ова е 14-тиот гол оваа сезона во шкотската Премиер лига.

Со овој погодок Миовски останува на 3. место на листата на најдобри стрелци во лигата.

Израмнија гостите во 26 минута преку Мареј, а победата за Абердин ја донесе МекГрет во 79 минута.

Целта на Абердин ќе биде да се обезбеди опстанок во елитата, моментно е на деветтото место со 33 бодови.

Во следното коло Абердин на 6 април ќе му гостуваат на последнопласираниот Ливингстон.