
Миовски блеска за Абердин: Два гола и една асистенција на денешниот меч
Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски одигра одличен натпревар за Абердин и во денешниот триумф од 4:0 ги постигна шестиот и седмиот гол во сезоната.
Миовски беше најзаслужниот за убедливиот тримф бидејќи постигна два гола и еднаш се запиша во листата на стрелци.
По 20 минути игра, Миовски го отвори резултатот и така го прекина мини-постот без гол кој траеше скоро еден месец. До крајот на првиот дел Дук зголеми на 2:0 и тоа беше единствениот гол денеска во кој Миовски не учествуваше.
На самиот старт од второто полувреме Миовски му асистираше на Мекграт за 3:0, а четири минути подоцно по вторпат се запиша во листата на стрелци.