Амбасадорката на САД во Република Македонија, Н.Е. Ангела Агелер и Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска одржаа продуктивен состанок на кој ги истакна силните и трајни односи како и нивната заедничка посветеност за промовирање на добро владеење и ефективна департизирана јавна администрација.
На средбата стана збор за зајакнување на билатералните односи и истражување на можностите за соработка во јавната администрација и управувањето.
Амбасадорката Агелер и министерот Минчев разговараа за иницијативите за подобрување на јавните и дигиталните услуги, како и промовирање на транспарентноста и одговорноста во владините институции.
Од страна на Амбасадорката Агелер беше силно изразена посветеноста да ги поддржи нашите заложби за модернизирање на јавната администрација и воедно ја истакна важноста од континуирано партнерство меѓу двете нации.
Двете страни се согласија за потребата од тековен дијалог и соработка за справување со заедничките предизвици и унапредување на заедничките интереси. Исто така, Министерот Минчев ја потенцираше важноста од отворен дијалог меѓу сите засегнати страни при одлучување за сите актуелни и идни законски решенија.
Министерот Минчев ја истакна силната воља за реформите во јавната администрација и ја поздрави поддршката од САД.