Никола Минчев – претседателот на Парламентот на Бугарија изјави дека нема опасност од распаѓање на владејачката коалиција во државата поради претстојната одлука за воено-техничка помош на Украина.
Советот на владејачката коалиција во Бугарија утре ќе расправа за доделување помош на Украина, а конечната одлука се очекува да биде изгласана во парламентот в среда.
Минчев вели дека ќе се најде такво решение кое ќе одговара на ставовите на Бугарската социјалистичка партија.
Според Минчев, ќе се види точно кои се потребите и што може Бугарија да и пружи на Украина врз која Русија изврши инвазија.