
Минчев му возврати на Дамјановски и порача да не го мешал Црвенковски
„Не мешај го Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин (Костовски) градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш“, вели Минчев во реакцијата што ја пренесува „Плусинфо“ и додава дека Зоран Дамјановски е последниот кој имал право кого било да обвинува за лукративни мотиви.
Откако поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц, за Радио Канал 77 изјави дека Бранко Црвенковски ниту ја создал партијата ЗНАМ, ниту ја поддржува, а дека Горан Минчев бил таму од лукративни цели, министерот за јавна администрација му возврати преку обраќање бранејќи го постигнатото на лидерот Максим Димитриевски како прв човек на Куманово.
„Не мешај го Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин (Костовски) градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш“, вели Минчев во реакцијата што ја пренесува „Плусинфо“ и додава дека Зоран Дамјановски е последниот кој имал право кого било да обвинува за лукративни мотиви.
Тој допира настани од 2009 кога Дамјановски го напушти СДСМ.
„Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила (Шеќеринска) претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница. Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски“.
Минчев вели: „Ако можеше ти да бидеш три мандати градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно“.