
Миноски: Трошиме туѓи пари и кредити, имаме раст без развој
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски на социјалните мрежи го коментира растот на БДП на Македонија.
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски на социјалните мрежи го коментира растот на БДП на Македонија.
„БДП и вистинскиот раст: Што ни треба за достоинствен живот?
Во јавноста често зборуваме за раст на БДП, но ретко прашуваме од што доаѓа тој раст. Не секој раст создава вредност – има раст што ја подобрува реалноста, и раст што само ја подобрува статистиката.
Од каде доаѓа растот во Македонија?
• Зголемена потрошувачка – кредити за станови, автомобили, техника; повисоки плати во јавен сектор; дознаки од странство.
• Градежништво – станови, патишта и инфраструктура што сами по себе додаваат 1–2% раст.
• Извоз од ТИРЗ – ниска додадена вредност, но висок обем.
Зошто тогаш не го чувствуваме тој раст?
• Инфлацијата го крева номиналниот БДП, без реален напредок.
• Трошиме туѓи пари и кредити, а не произведуваме повеќе.
• Градежништвото ја напумпува статистиката, но не остава долгорочен развоен ефект.
Имаме раст без развој – економија на згради и бетон, кредити и странски пари. Статистиката вели „раст“, а реалноста – стагнација.
Вистинскиот, одржлив раст доаѓа од:
• продуктивни инвестиции,
• повисока ефикасност,
• извоз и иновации,
• поквалитетни работни места.
Овој раст го крева животниот стандард, ги зголемува платите и создава можности“ пишува Миноски на ФБ.