Миниќ: Западен Балкан е се подалеку од ЕУ

Јелица Миниќ претседателката на европското движење во Србија смета дека забрзувањето на процесот на проширување на земјите од Западен Балкан може да се случи зошто е понудена нова рамка во соработката на ЕУ со соседите, а тоа е Европската политичка заедница.

  • Преговорите се замрзнати со Турција, со Украина приказната е покрената и ќе видиме колку тој дополнителен механизам ќе го поддржи досегашниот процес на проширување или ќе го разводни зошто има многу земји од Истокот кои имаат аспирации во перспективата дали да влезат во ЕУ. – вели Миниќ.

Таа смета дека Западен Балкан е се подалеку од ЕУ, зошто во почетниот период тој процес зеде голем замав, а потоа ентузијазмот како да спласнал. ЕУ покажувала дека навистина сака земјите од регионот влезат во Унијата, се покренаа преговорите, но процесот нагло се забави.

  • Со Македонија и Албанија процесот се развлече, Црна Гора влезе во политички проблеми, во Србија нема ентузијазам и таа во ниту еден момент во последната декада не покажуваше ентузијазам за определување кон ЕУ. Тука се гледаше повеќе на тргување со односите Кина, Русија, со арапскиот свет, зошто објективно

ЕУне испорача доволно поддршка. – вели Миниќ.
Во односот на спорот на Македонија со Бугарија, таа смета дека тоа мора да се реши помеѓѕу двете земји. Во ЕУ постои висок степен на согласност што Србија треба да направи и тој притисок нема да попушти. Ситуацијата со Македонија е поинаква и во ЕУ имаше согласност таа да напредува брзо и Македонија беше меѓу поранешните републики беше најблиску до преговорите со ЕУ.