Министри за надворешни работи на ЕУ во посета на Буча, четири години по масакрот
Високата претставничка за заедничка надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, заедно со десетина министри за надворешни работи на држави на Унијата, денеска се очекува да го посетат украинскиот град Буча, местото каде пред четири години беа извршени можеби најтешките злосторства од почетокот на војната.

Буча што се наоѓа западно од главниот град на Украина, беше окупирана од руските трупи во првите денови од воената интервенција на Русија што започна во февруари 2022 година.
Откако украинските сили го презедоа градот кон крајот на март, на улиците беа пронајдени тела на убиени цивили, дел од нив со врзани раце.
Буча брзо стана симбол на руските воени злосторства во Украина, а извештај на Обединети нации подоцна ја потврди смртта на десетици цивили.
Руските власти ги отфрлаат таквите обвинувања, тврдејќи дека настаните во Буча се исценирани.
Според украински податоци, во Буча се регистрирани повеќе од 400 убиени цивили, додека во поширокиот регион бројот жртви надминува 1300.
Во делегацијата што треба да присуствува на комеморација во Буча и потоа да одржи министерски состанок, најавено е дека ќе бидат и германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, полскиот министер Радослав Сикорски и италијанскиот министер Антонио Тајани.