Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ја повикаа Унгарија да престане да го блокира испраќањето на воена помош за Украина во износ од милијарди евра.
Министрите на денешната средба го повикале шефот на унгарската дипломатија Петер Сјартo, Будимпешта да не ја блокира воената помош на ЕУ за Украина во износ од околу 6,5 милијарди евра, пренесe Ројтерс.
Одлуките за надворешна политика на ЕУ бараат едногласна поддршка од сите 27 земји-членки.