
Министерство за правда: Денешниот протест покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури
Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог. Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем, соопштија попладнево од Министерството за правда.
Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог. Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем, соопштија попладнево од Министерството за правда во врска со денешниот протест на студенти кои протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.
Од Правда велат „Особено загрижува улогата на одредена опозициска партија, и нивното делување во контекст на актуелните протести .Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација преку поттикнување на чувствителни прашања и очигледно користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели“.
„Во тој контекст евидентно е и отсуството на користење на државни обележја на денешниот протест што дополнително упатува на демократскиот капацитет на организаторите и нивниот однос кон државата и уставниот поредок. Во однос на барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит, Министерството за правда уште еднаш потенцира и потврдува дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување на квалитет и стручност во правосудниот систем“ велат од Министерство за правда.