Министерство за надворешни: Ќе се евакуира уште едно семејство од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште една семејство, мајка и три деца. Воедно, Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена.

По минатонеделното безбедно враќање на осум македонски државјани од Израел во земјава, МНР и НТ соопшти дека за утре е потврдена евакуација на уште четири лица, мајка и три деца. Местата за нив се обезбедени преку израелското Министерството за транспорт, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина.

Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.

Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:

📞 ‪+389 75 273 732 / ‪+389 75 268 736

или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:

📞 ‪+972 54 500 8566 / +972 54 967 054