Министерство за безбедност на БиХ: Функционирањето на СИПА не е нарушено
Функционирањето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) не е нарушено и агенцијата продолжува да работи согласно законските процедури и надлежности, соопшти денеска Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.

Оттаму додаваат дека Министерството за безбедност заедно со Советот на министри на БиХ интензивно работи на решавање на новосоздадената ситуација и избор на ново раководство на СИПА, откако вчера оставка поднесе претходниот директор на таа полициска агенција Дарко Ќулум.
За утре е закажана вонредна седница на Советот на министри на БиХ, на која треба да се разгледува изборот на новото раководство на СИПА.
Советот на министри на БиХ мора прво да ја прифати оставката на Ќулум, а потоа да назначи нови луѓе кои ќе раководат со оваа државна полициска агенција додека не се избере нов директор.