Министерството за правда треба да го соопшти составот на работната група за измените на Уставот.
Рокот до институциите и политичките партии истече на полноќ.
Познато е дека претседателот на државата во работната група ќе го претставува професорот од Правниот факултет, Александар Спасов.
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ рече дека Секретаријатот за европски прашања активно ќе учествува во работната група, ама не беше соопштено името на претставникот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени.
СДСМ соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, ДУИ ќе ја претставува пратеникот Арбр Адеми, а Алијанса за Албанците – пратеникот Ремзи Мехмеди.
Свој претставник најави дека ќе делегира и движењето БЕСА.
ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз информираа дека нема да учествуваат во работната група.