Министерството за правда формира работна група за реформа на Судски совет

Силните потреси во Судски совет ќе ги смирува Министерството за правда. Со работна група која ќе ја формира идната недела, најавува дека ќе го реформира телото кое оценува, унапредува и разрешуваа судии. Правда бара во реформирањето на советот да се вклучат сите кои можат да придонесат во унапредување на судски. Во работната група планира да ги вклучи Здружението на судии, невладини организации универзитетски професори и експерти. Покана за учество во процесот на реформа на Судски совет, ќе добијат и како што велат од Министерството за правда, најголемите политички партии.

„Одлуката на Министерството за правда да отпочне со реформирање на Судски доаѓа по четири месеци откако минитерот Лога најави дека бара начин да ги разреши членовите на советот.. Тие пак го прозваа дека иако е член, никогаш не доаѓал на седниците, а за состојбите, наместо лично, со нив комуницирал преку медиумите“

Планот за рефомри во Судски е во време кога се очекува извештајот на Оценската мисија на ЕУ која проверуваше што довело до расколот кој резултираше со разрешување на претседателката и оставки на двајца членови. И овој документ е предвидено да го разгледува работната група за реформа на советот.

„Наводите, работната група ќе ги адресира во конкретните законски одредби заради надминување на лоцираните слабости во однос на законските решенија и нивната примена во практиката“, велат од Министерството за правда.

Целта на работната група која ќе прави план за реформи во Судски, според правда е да се врати дсовербата на граѓаните во судскиот систем.