Работната група што ја формираше Министерството за правда за измени на законот за судски совет, согласно препораките на оценската мисија на ЕУ излезе со првичната верзија.
Предлгаат 5 клучни промени.. Од редот на судиите, членови да може да бидат избрани со најмалку 15 години стаж, наместо сегашните 6, и тоа само доколку на изборите гласаат барем половина од судиите.. Од редот пак на т.н. истакнати правници што ги избира Собранието, се воведува услов да имаат нјамалку 20 години стаж, наместо 15, но и претходно да поминат јавни интервјуа слично како што се избираат членовите на Антикорупциска… Дополнително, на огласот на Собранието, предвидено е свои предлози да дадат и универзитетите од редот на професорите, како и адвокатската комора..
Дополнително, ќе се воведе механизам и за дисциплински постапки против избраните членови..
-Во делот на дисциплинските постапки има одредени промени, правото на жалба пред Врховниот суд се предлага два пти да се даде таква можност. Имаше одредени појаснувања во делот на транспарентноста, изборот на членовите на Судскиот совет во насока истите да презентираат свое видување, свои планови и програми, нешто слично како што е кај ДКСК.- Маргарита Цаца Николовска – Поранешен судија во ЕСЧП во Стразбур
Предлозите доаѓаат во период кога идната власт најавува дека целосно ќе го распушти Судскиот совет, и таму во иднина да се избираат само челнвои од редот на судиите. Но, минстерот за правда кој за ова со писмо им се пожали на ЕУ и САД, смета дека нема да има меѓународна поддршка.
Сегашниот модел според кој 8 од 15 члениот Совет ги избираат самите судии, 5 Собранието, а членови шпо функција се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, е регулиран со Уставот, а за негова промена ќе биде потребно 2/3 мнзоинство./..
Од правда велат дека работната верзија сега ќе биде објавена на ЕНЕР а потоа ќе се чека мислење од Венецијанската и Европската комисија, па предлог законот ќе бидат доставени до Собранието.