Министерството за одбрана демантира: Кујната на Воената академија не е затворена

Министерството за одбрана упатува демант во однос на пласираната информацијата дека Кујната на Воената академија е затворена од страна на Агенцијата за храна и ветерина.

„Ве информираме дека по направениот вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на надлежните институции, Агенцијата за храна и ветерина излезе со соопштение во кое јасно е наведено дека во Касарната Гоце Делчев каде е лоцирана Воената академија не се најдени недоследности.

Според резултатите од Центарот за јавно здравје, од страна на АХВ е изречена мерка на компанијата која ја приготвува храната за потребите на Министерството за одбрана и Армијата. По добивањето на овие информации Министерството за одбрана ќе започне постапка согласно закон и договорот за јавна набавка“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.