Министерот Хоџа ќе организира јавна расправа за дозволата за УСЈЕ

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ на која, како што најавуваат од ресорното Министерство, ќе присуствуваат сите засегнати страни како и претставници на граѓанските организации и иницијативи.

– Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа го почитува и поддржува секој мирен протест како демократско право на граѓаните и останува посветен на јакнење на транспарентноста и отвореноста на институцијата. Во таа насока, како што веќе беше најавено пред медиумите, Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност. Сметаме дека суштинскиот придонес се остварува преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки, стои во соопштението од Министерството за животна средина.

Граѓанскиот сектор, велат оттаму, е важен партнер во напорите за заштита на животната средина, а преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните.

Активисти на иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ денеска спроведоа герила акцијата пред МЖСПП со која испратија порака дека внимателно го следат процесот на издавање на дозволата.