Утре, (24.10.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе престојува во Прага, Чешка Република, каде што ќе учествува на Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес.
За време на работната посета, министерот Спасовски ќе оствари билатерална средба со првиот заменик премиер и министер за внатрешни работи на Република Чешка, Вит Ракушан.
По завршување на Министерската конференција, министерот Оливер Спасовски заедно со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, и заменик претедателот на Собранието на Киргистан за миграции Медер Рахман ќе одржат заедничка прес-конференција.