Министерот Перински најавува отповикување на градоначалници преку референдум

Министерот најави дека во иднина се размислува за референдум за отповикување на градоначалници, со што би се зголемила одговорноста на локалните лидери.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, најави реформи во локалната самоуправа и регионалниот развој.

Министерот во гостување на ТВ Алфа најави дека во иднина се размислува за референдум за отповикување на градоначалници, со што би се зголемила одговорноста на локалните лидери.

„Главната иницијатива за оваа промена произлегува од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Сметаме дека треба да им дадеме на граѓаните можност за отповикување на градоначалниците“, рече Перински.

Исто така една од реформите која ја најави е создавање на комунална полиција, за, како што нагласи, спречување на девијантни однесувања во локалните заедници. Перински најави систем за учество на граѓаните во креирањето на локалните буџети. Целиот процес, вели Перински, ќе биде спроведен со висока транспарентност.