Министерот за надворешни работи на Тајван: Војната би нарушила над 40 отсто од светската трговија!

Повеќе од 40 отсто од глобалната трговија ќе биде нарушена во случај на војна со Тајван, што ќе доведе до катастрофални последици за целиот свет, изјави тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву.

– Повеќето земји се сигурни дека оваа ескалација нема да се случи бидејќи тоа би било катастрофа не само за Тајван, туку и за Кина и за целиот свет. Економските последици би биле огромни. Погледнете ја локацијата на Тајван – над 40 проценти од испратените стоки ширум светот минуваат низ Тајванскиот теснец – рече Ву.

Тој додаде дека Тајван произведува повеќе од 60 отсто од светските чипови и 90 отсто од најнапредните полупроводници.

– Војна во Тајван би довело до нарушување на над 40 отсто од глобалната трговија – изјави функционерот за шпанскиот весник „АБЦ“.

Во случај на ескалација на ситуацијата околу островот, може да избие Трета светска војна, смета Ву.