Министерот Алиу најави средба со доктор Кедев

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека не ја прочитал оставката на кардиологот и академик Сашко Кедев, во која го известува дека се повлекува од здравствениот совет, кој беше формиран за скандалот со непотребните операции на срце.

Министерот појаснува дека нема да го коментира случајот се додека не разговара со доктор Кедев.

Алиу информира и дека за следната недела подготвувале прес конференција на оваа тема.

По откривањето на случајот со непотребните операции на срце во август минатата година лично од Сашко Кедев, министерот за здравство Азир Алиу формира 15-члена комисија, која на 14 ноември излезе со прелиминарен извештај.

Според наодите на комисијата, од 19 анализирани случаи, кај 10 биле утврдени непотребно извршени операции или непотребно упатување за операции. Од комисијата тогаш соопштија дека имињата на инволвираните болници и доктори ќе ги соопштат откако наодите ќе ги потврдат заедно со странски експерти што ќе ги ангажира Министерството за здравство.