Министерката Петровска во работна посета на Софија, ја пречека колегата Заков

Драгомир Заков – бугарскиот министер за одбрана денеска ја пречека македонската министерка за одбрана – Славјанка Петровска во Софија.

Петровска во бугарската престолнина доаѓа за да продолжат контактите на високо ниво започнати на почетокот на годината во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на евроинтеграциите на Македонија и ветото наметнато прво од Франција, а потоа и од Бугарија од 2020 година.

Од македонското МО соопштија дека Петровска во Софија освеш што ќе се сретне со својот колега Драгомир Заков, во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната Комисија за одбрана.

Петровска ќе има средба и со двајца офицери на Армијата на Република Македонија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“ во Софија.