Минимална плата за минимум достоинсвен живот
Политиката и бизнисот се на сериозен тест. Имаат ли сериозни намери да ги задржат квалификуваните работници во Македонија, или кукањето дека на никој во земјава не му се работи е само обична фарса.
Синдикатот ја фрли ракавивата – го актуелизираше првомајското барање за минимална плата од 450 евра. Новиот министер за економија Бесар Дурмиши, на првата средба со новинарите сакајќи да испадне фин и да покаже колку се грижи за работниците, соопшти дека приоритетит ќе му биде зголемувањето на минималецот. Но, неговиот шеф, премиерот Христијан Мицкоски вели засаега пари нема за толкав минималец. Синдикатите апелираат дека не треба да се калкулира со трудот на работникот. А пак опозициската СДСМ од позадина вели дека ги поддржуваат синдикалците и сметаат дека растот на минималната плата треба да продолжи.
Трошоците на живот не престануваат да рушат рекорди. Живеачката е се потешка. Најголемиот дел од работниците се приморани да работат две работи за да го протуркаат месецот со своето семејство. Затоа синдикалците велат дека бараат 450 евра за работникот да реши дел од проблемите кои го засегаат во секојдневието. Синдикатотот е задоволен што новиот министер за економија се залага за повисок минималец во првите 100 дена од владата.
„Работниците бараат достоинствен живот за себе и своите семејства, тие се неопходен дел од процесот на создавањето на капиталот во компаниите и важен дел на општествените и економските односи во државата. Работниците бараат и очекуваат минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 денови на новата Влада како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението како и за спречување на одливот на работната сила во државите од регионот“, велат од ССМ.
Но, министерот за економија и премиерот Мицкоски не се на иста бранова должина. Не само што во планот за работа нема предвиедно зголемување на минималната плата, туку тој вели дека пари нема за редовна исплата на дел од социјалните трансфери, а камо ли за дополнително зголемување на минимланата плата. Ќе треба да се направи детална анализа, и потоа да се утврди дали по ребаланс на буџетот ќе се најдат пари за зголемување на минималната плата.
„Буџетот во каква состојба е сега, прашање е како и тоа што е редовно досега ќе се исплати. Во последниве седум години тајфун поминал низ државава и не само што ја ограбил, туку и жестоко ја уништил. Се надевам дека во првите 100 дена ќе имам можност да седнам со синдикатите, со министрите за финансии, за економија и труд и за социјална политика демографија и млади, и да поразговараме и да им ги покажеме бројките за да видат со што се соочуваме, а бројките се катастрофални“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Што се однесува до работодавачите, оние кои треба да ја исплаќаат минималната плата, велат дека пари за нов повисок минималец во моментов нема. Тврдат дека не се против раст на минималецот кој се случува секоја година, но не прифаќаат во моментов ново интервентно зголемување.
„Со такво покачување линеарно номинално на крај политичко покачување само ќе се предизвика поголем број работници да земаат минимална плата, а просечната плата нема со ист претенд да расте затоа мислам дека ваквото покачување за нас е неприфатливо. Секое покачување на минимална плата надвор од овие предизвици предизвикува еден вид на урамноловка помеѓу неколку категории на работници и дестимулација на добрите работници“, велат од Организацијата на работодавачи.
Од позиција на опозиција се јави СДСМ. Тие сега велат дека покачувањето на минималната плата треба да биде приоритет на секоја влада. Од опозициската партија велат дека застануваат на страната на работниците и даваат поддршка на синдикатите. Додаваат дека во нивно време минималната плата била најмногу зголемена.