Минатогодишниот финалист се повлече од Вимблдон

Австралискиот тенисер Ник Киргиос мораше да се повлече од најпрестижниот Грен слем турнир Вимблдон.

Ден пред почетокот на Вимблдон, Австралиецот се повлече од натпреварувањето. Тој мораше да се повлече поради проблем со зглобот. Тој објави се на својот Инстаграм.

„Поздрав до сите. Многу сум тажен што можам да кажам дека оваа година се повлекувам од Вимблдон. Се трудев многу да бидам фит по операцијата и да можам повторно да излезам на терените на Вимблдон. За време на моето враќање почувствував болка во зглобот во текот на неделата во Мајорка. Како мерка на претпазливост отидов на преглед и ми кажаа дека сум скинал лигамент на зглобот. Се обидов да одиграм сè и разочаран сум што можам да кажам дека немав доволно време да се подготвам пред Вимбедлон. Ќе се вратам и како и секогаш ја ценам поддршката што ми ја давате“, напиша Киргиос.

Вимблдон започнува денеска и ќе трае до 16 јули.