Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ.

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ.

Тврдат дека Обединетото Кралство со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција…

Според Антонио Милошоски, откако излезе од ЕУ Обединетото Кралство ја враќа легалната основа на ФРОНТЕКС и за таа цел склучува договори со сите земји во регионот околу справувањето со илегалната миграција и заштита на границите.

Нема подобар демант на ваквите спинови од изјавата на британскиот амбасадор, дека македонско-британскиот договор предвидува инвестирање во инфраструктурата, во економијата, во безбедноста и во образованието, но не предвидува бегалски кампови во Македонија, рече Милошоски, иако никој не зборува за кампови туку за слободно движење на мигрантите кои ќе бидат депортирани евентуално во нашата држава, бидејќи лондон не може да ги депортира таму каде што потејклнуваат и од каде што дошле.